Екипите на Охрид и Воска во 11-та рунда од Третата македонска фудбалска лига на домашен терен ќе ги одмерат силите против Баир Кркардаш односно Кравари.

Охридските бели не би требало да имаат проблеми да стигнат до бодови, бидејќи играат со последнопласираниот на табелата, додека Воска ќе има сериозен испит во тимот на Кравари кој се наоѓа при врвот на табелата во третолигашкото друштво.

Во 11-та рунда Сатеска гостува кај Октиси, додека дербито се игра во Струга помеѓу екипите на Влазними – Фљамуртари.

Двојки: Влазними – Фљамуртари, Преспа – Могила, Охрид – Баир Кркардаш, Воска – Кравари, Октиси – Сатеска, Кораб – Велешта, Лирија – Караорман.

Табела: Кораб 24, Фљамуртари 24, Караорман 20, Кравари 22, Преспа 16, Могила 15, Охрид 13, Сатеска 13, Велешта 13, Влазними 11, Лирија 10, Октиси 9, Воска 4, Баир Кркардаш 0.

OhridNews