Екипата на Охрид го претрпе вториот пораз сезонава, откако на домашен терен изгуби од Струга Трим Лум (3-0) во дербито на колотo во Третата македонска фудбалска лига.
Охриѓани во овој дуел потфрлија во реализацијата која ги красеше во досегашните мечеви од шампионатот.
Стружани, пак, ги искористија своите прилики и освоија драгоцени три бодови во борбата за првата позиција на табелата.
Резултати: Кораб – Влазними 2-1, Охрид – Струга Трим Лум 0-3, Фљамуртари – Могила 2-1, Велешта – Пролетер 3-0, Лабуништа – Кравари 1-2, Лирија – Преспа 3-2, Караорман – Сатеска 5-2.
Табела: Лабуништа 12, Струга Трим Лум 12, Охрид 12, Велешта 12, Кравари 10, Влазними 10, Фљамуртари 9, Преспа 9, Кораб 9, Пролетер 9, Лирија 7, Сатеска 6, Караорман 4, Могила 0.
OhridNews