Фудбалерите на Охрид имаа победнички почеток во Третата македонска фудбалска лига совладувајќи ја Сатеска со 4-1 во првата рунда.
Почетокот на натпреварот не наговестуваше висока победа на Охрид. „Црвените“ со гол од пенал поведоа со 1-0, а имаа уште неколку прилики да го зголемат водството.
Пред крајот на првиот дел стигна казната за нереализираните шанси и Охрид го изедначи резултатот исто така од белата точка.
Во вториот дел охридските бели одиграа организирано и сигурно во одбраната, што им донесе шанса за контри и полуконтри.
Од една таква прилика погодија и го презедоа водството, а во финишот од мечот со два голови ставија печат на првата победа.
Резултати: Лабуништа – Кораб 2-1, Лирија – Велешта 1-0, Караорман – Фљамуртари 1-3, Сатеска – Охрид 1-4, Преспа – Влазними 0-1, Кравари – Триум Лум Струга (одложена), Пролетер – Могила 2-0.
Фото: Архива
OhridNews