Фудбалерите на Сатеска забележаа значајна победа во осмата рунда од Третата македонска фудбалска лига. Победа осма во серија оствари и Охрид Лихнидос, додека Лакочереј го претрпе најубедливиот пораз сезонава.
Екипата на Сатеска со минимални 1-0 го совлада тимот на Фљамуртари, Охрид славеше со 3-1 во Новаци, додека Караорман постигна девет голови во мрежата на Лакочереј за убедлива победа 9-0.
Лидерот на табелата Охрид се одлепи на осум бодови од второпласираната Велешта, Сатеска побегна од дното, а пад од неколку позиции имаше Лакочереј.
Резултати: Црно Буки – Преспа 1-1, Новаци – Охрид Лихнидос 1-3, Караорман – Лакочереј 9-0, Сатеска – Фљамуртари 1-0, Октиси – Влазними 3-2, Кравари – Лирија Грначари 3-1, Лирија Заграчани – Велешта 0-2.
Табела: Охрид 24, Велешта 16, Лирија Грнчари 15, Караорман 14, Кравари 12, Влазними 11, Црно Буки 11, Сатеска 10, Новаци 9, Преспа 9, Октиси 9, Лирија Заграчани 9, Лакочереј 9, Фљамуртари 4
OhridNews