Екипата на Охрид Лоте со 4-1 го совлада Добрушево и се доближија на чекор до освојување на првото место во Третата лига – Југозапад. Стрелци на головите за “градежниците“ беа Речкоски, на двапати Димоски и Волчески.


Во последното коло Охрид Лоте игра на домашен терен против Фљамурати. Само победа ги води охриѓани на првото место, кое пак ќе им обезбеди бараж меч за влез во Втората лига.

Ohridnews