Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос го задржа максималниот ефект во Третата македонска фудбалска лига победувајќи со минимални (1-0) против Влазними во Струга во третата рунда од шампионатот.

Со третиот триумф во серија охридските фудбалери се одлепија на врвот од табелата и најавија атак на првото место кое води во Втората лига запад.

Значајни бодови освои и екипата на Лакочереј која со 2-1 го совлада тимот на Фљамуртари во Радолишта. Третиот охридски преставник Сатеска претрпе пораз 4-2 на гостувањето кај Кравари.

Резултати: Влазними – Охрид 0-1, Фљамуртари – Лакочереј 1-2, Кравари – Сатеска 4-2, Лирија Заграчани – Караорман 1-0, Велешта – Новаци 3-1, Лирија Грнчари – Преспа 2-0, Октиси – Црно Буки 2-1

Табела: Охрид Лихнидос 9, Караорман 6, Кравари 6, Лакочереј 6, Лирија Грнчари 6, Сатеска 4, Црно Буки 4, Преспа 4, Велешта 4, Новаци 3, Влазними 3, Октиси 3, Лирија Заграчани 3, Фљамуртари 0.

Двојки 4. коло: Црно Буки  – Лакочереј, Охрид Лихнидос – Фљамуртари, Преспа – Влазними, Новаци – Лирија Грнчари, Караорман – Велешта, Сатеска – Лирија Заграчани, Октиси – Кравари.

OhridNews