Фудбалерите на Охрид Лихнидос ја забележаа четвртата победа сезонава во Третата македонска фудбалска лига југо-запад совладувајќи го составот на Фљамуртари со 5-1 во четвртата рунда од првенството.

Охридските бели победата ја осигураа со доминатна игра во двете полувремиња. После 45 минути игра охриѓани имаа водство 2-1, а триумфот го заверија со три голови во второто полувреме за конечна победа 5-1.

Значајни три бодови на домашен терен освои екипата на Сатеска која со минимални 1-0 славеш над Лирија Заграчани. Погодокот за победа го постигна Никола Шекуткоски во шестата минута.

Пораз на гостувањето кај Црно Буки (3-0) претрпе Лакочереј и остана на шесте освоени бодови од првите три натпревари.

Резултати: Охрид Лихнидос – Фљамуртари 5-1, Црно Буки – Лакочереј 3-0, Преспа – Влазними 1-1, Новаци – Лирија Грнчари 4-1, Караорман – Велешта 3-2, Сатеска – Лирија Заграчани 1-0, Октиси – Кравари 3-1.

Табела: Охрид Лихнидос 12, Караорман 9, Црно Буки 7, Сатеска 7, Новаци 6, Кравари 6, Октиси 6, Лакочереј 6, Лирија Грнчари 6, Преспа 5, Влазними 4, Велешта 4, Лирија Заграчани 3, Фљамуртари 0.

OhridNews