Фудбалерите на Охрид ја забележаа првата победа во втората полусезона во Третата лига совладувајќи го тимот на Могила со 3-1, додека Сатеска претрпе убедлив пораз 4-0 од Лирија на гостувањето во Грнчари.


Охриѓани на домашен терен противникот го разбија со два голови во првиот дел. Во второто полувреме домаќините играа со фудбалер помалку, но фенерџијата не успеа ништо да профитира.

Сатеска после поразот од Лабуништа на домашен терен доживеа нов неуспех претрпувајќи убедлив пораз од Лирија (4-0). Тимот од Волино останува во долниот дел од табелата и продолжува да се бори за опстанок во Третата лига. 

Резултати: Кораб – Караорман 5-0, Лирија – Сатеска 4-0, Лабуништа – Преспа 3-1, Велешта – Кравари 1-2, Фљамуртари – Пролетер 5-3, Охрид – Могила 3-1, Влазними – Струга Трим Лум 1-2.

Табела: Струга Трим Лум 37, Лабуништа 36, Кравари 35, Кораб 33, Охрид 31, Лирија 27, Преспа 26, Фљамуртари 24, Влазними 22, Пролетер 17, Сатеска 16, Караорман 16, Велешта 16, Могила 14.

OhridNews