Екипите на Охрид и Воска претрпеа порази на гостувањањата кај Кораб (4-1) односно Октиси (3-1) во мечевите од 18-та рунда во Третата македонска фудбалска.
Охридските бели на дуелот со лидерот на табелата издржаа едно полувреме, а во второто домаќините со четири голови ја заверија победата. Воска исто така едно полувреме имаше позитивен резултат, а во второто Октиси со два голови стигна до победата.
Во 18-та рунда Сатеска која требаше да игра со Баир Кркардаш паузираше поради откажувањето на битолскиот состав.
Резултати: Фљамуртари – Кравари 3-1, Караорман – Влазними 0-0, Лирија – Преспа 3-2, Кораб – Охрид 4-1, Октиси – Воска 3-1.
Табела: Кораб 45, Фљамуртари 35, Кравари 32, Преспа 31, Караорман 29, Сатеска 25, Влазними 23, Охрид 22, Лирија 19, Велешта 19, Воска 17, Октиси 15, Могила, Баир Кркардаш.
OhridNews