Екипите на Охрид и Воска на гостински терен ќе ја започнат новата сезона во Третата лига, додека Сатеска на домашно тло пред своите гледачи ќе тргне во друштвото.
Охрид гостува во Ресен кај Преспа, Воска кај Влазними во Струга, а Сатеска на „Ѓоргов Мост“ го пречекува тимот на Лакочереј Струга (Караорман).
Дерби пресметките помеѓу охридските екипи во Третата лига се во третата рунда Охрид – Воска, во деветтата Охрид – Сатеска и во десеттата Сатеска – Воска.
Новата сезона започнува на 27 август.
Двојки:
Велешта – Фљамуртари
Сатеска – Лакочереј Струга
Кравари – Лирија
Баир Кркадаш – Кораб
Могила – Октиси
Влазними – Воска
Преспа – Охрид
OhridNews