Фудбалерите на Охрид и Сатеска на домашен терен против Фљамуртари односно Велешта ќе атакуваат на првите бодови во втората полусезона во Третата македонска фудбалска лига.
Во првото коло од втората етапа Охрид на домашен претрпе пораз од Преспа, додека Сатеска изгуби од Караорман во Струга. Охрид својот меч го игра во сабота во 14 часот, а Сатеска на „Ѓоргов мост“ стадионот Велешта ќе ја пречека в недела.
Двојки: Охрид – Фљамуртари, Преспа – Воска, Влазними – Октиси, Кравари – Караорман, Сатеска – Велешта.
Табела: Табела: Кораб 36, Кравари 28, Караорман 27, Фљамуртари 26, Преспа 25, Сатеска 22, Охрид 19, Влазними 16, Лирија 16, Велешта 16, Октиси 12, Воска 11, Могила, Баир Кркардаш.
OhridNews