Шестопласираната екипа на табелата во Третата македонска фудбалска лига, Велешта е противник на Охрид во 10-та рунда од шампионатот.
Охридските сино-бели сезонава имаат претрпено само пораз на гостински терен, и тоа со службен резултат (3-0) од Кораб по прекинот во Дебар, а имаат забележано четири победи.
Со 24 постигнати голови охридскиот напад е најефикасен во лигата, а ќе биде на сериозен испит и во Велешта против истоимената екипа.
Двојки: Кораб – Фљамуртари, Велешта – Охрид, Лабуништа – Влазними, Лирија – Струга Трим Лум, Караорман – Могила, Сатеска – Пролетер, Преспа – Кравари.
Табела: Лабуништа 19, Струга Трим Лум 19, Охрид 18, Кравари 17, Велешта 13, Лирија 13, Кораб 12, Преспа 12, Фљамуртари 12, Пролетер 12, Влазними 11, Сатеска 9, Караорман 8, Могила 3.
OhridNews