Фудбалерите на Охрид Лихнидос експресно им се вратија на победите во Третата македонска фудбалска лига југо-запад совладувајќи го Октиси на домашен терен со убедливи (6-0) во 11-та рунда од шампионатот.

Со убедливиот триумф охридските фудбалери се стекнаа со двоцифрена предност на табелата и на две рунди до крајот на првата полусезона се закитија со епитетот есенски шампиони во третолигашкото друштво.

Победникот на мечот домашниот тим го најави во првиот дел со еден погодок. Преостанатите пет ги постигна во второто полувреме за највисок триумф сезонава. Три од шестте погодоци постигна Никола Секулоски, два реализираше Љубен Далчев, а еднаш прецизен беше Роме Кочоски.

Лакочереј освои бод на домашен ремизирајќи со Кравари 2-2, а Сатеска изгуби од Преспа 4-1 на гостувањето во Ресен.

Резултати: Лирија Грнчари – Црно Буки 3-1, Влазними – Велешта 3-0, Фљамуртари – Лирија Заграчани 1-2, Лакочереј – Кравари 2-2, Охрид Лихнидос – Октиси 6-0, Преспа – Сатеска 4-1, Новаци – Караорман 2-3.

Табела: Охрид Лихнидос 31, Лирија Грнчари 21, Велешта 19, Преспа 18, Караорман 17, Влазними 17, Црно Буки 17, Кравари 16, Лирија Заграчани 15, Сатеска 14, Октиси 12, Лакочереј 10, Новаци 9, Фљамуртари 7.

OhridNews