Охридските бели во осмата рунда од Третата македонска фудбалска лига ги очекува ново гостување овој пат во Дебар кај тимот на Кораб.


Сезонава, фудбалерите на Охрид играат перфектно на гостински терен победувајќи на четирите одиграни мечеви, а проблем останува домашното толо на кое имаат претрпено два порази.

Натпреварите од осмата рунда во Третата лига се играат во недела во 14 и 30 часот.

Двојки: Кораб – Охрид, Фљамуртари – Влазними, Велешта – Струга Трим Лум, Лабуништа – Могила, Лирија – Пролетер, Караорман – Кравари, Сатеска – Преспа.

Табела: Лабуништа 15, Струга Трим Лум 15, Охрид 15, Кравари 13, Велешта 12, Влазними 10, Фљамуртари 9, Преспа 9, Пролетер 9, Караорман 7, Лирија 7, Кораб 6, Сатеска 6, Могила 3.

OhridNews