Фудбалерите на Охрид ремизирајќи со Преспа во Ресен (2-2) ја осигураа титулата во Третата МФЛ и пласман во Втората лига, додека Сатеска со победата над Влазними (2-0) на домашен терен напреви голем чекор кон опстанок во третолигашкото друштво.
Сатеска до триумфот и трите бодови на дуелот со Влазними пред своите гледачи стигна со два голови во второто полувреме. Домаќините преку Даниел Митрески погодија во 68-та и 71-та минута и прокнижија значајни бодови на табелата.
Фудбалерите на Охрид во последните 15-тина минута од мечот во Ресен против Преспа постигнаа два погодоци и обезбедија реми доволно за заверка на титулата во Третата МФЛ. Домаќините головите за водство ги постигнаа во 9-та односно 39-та минута, а охриѓани стрелаа прецизно во 75-та и 80-та минута. Стрелци беа Ромео Кочоски и Никола Секулоски.
Двојки 20-та рунда: Црно Буки – Лирија Заграчани, Кравари – Велешта 6-3, Октиси – Лирија Грнчари 0-2, Сатеска – Влазними 2-0, Караорман – Фљамуртари 2-3, Новаци – Лакочереј 3-1, Преспа – Охрид 2-2
Табела: Охрид 49, Влазними 31, Велешта 30, Црно Буки 30, Караорман 27, Лакочереј 26, Лирија Грнчари 27, Кравари 27, Сатеска 26, Преспа 24, Фљамуртари 23, Новаци 22, Лирија Заграчани 18, Октиси 18
OhridNews