Екипата на Сатеска запиша нови три бодови на табелата совладувајќи го тимот на Велешта (3-0), додека Охрид ремизираше со Кравари на домашен терен (1-1) во 16-та рунда од Третата македонска фудбалска лига.
Фудбалскиот клуб Сатеска.
Фудбалерите на Сатеска против Велешта во мечот кој се одигра во Ресена ја продолжија позитивната серија во пролетната полусезона и освоија значајни бодови во трката за опстанок.
Охрид, пак, дополнително заостана во трката за првата позиција на табелата после ремито (1-1) во дербито со Кравари на домашен терен.
Резултати: Велешта – Сатеска 0-3, Кораб – Лирија 2-0, Лабуништа – Караорман 4-0, Фљамуртари – Преспа 1-2, Охрид – Кравари 1-1, Влазними – Пролетер 5-1, Струга Трим Лум – Могила 3-0.
Табела: Струга Трим Лум 33, Лабуништа 30, Кравари 29, Кораб 29, Охрид 27, Преспа 23, Влазними 22, Фљамуртари 21, Лирија 21, Сатеска 16, Караорман 16, Велешта 16, Пролетер 16, , Могила 11.
OhridNews