Екипите на Воска Спорт и Сатеска запишаа нови бодови во третолигашката конкуренција, победувајќи ги Црно Буки (3-0) односно Новаци (3-1), во 20-та рунда од шампионатот.

Воска Спорт со победата и трите бодови од гостувањето кај Црно Буки ја зголеми разликата во однос на второпласираниот Караорман, кој ремизираше 2-2 со Октиси. Творци на победата на Воска Спорт беа Љубен Далчев и Теофил Силјановски, кои ги искомбинираа трите голови.

Сатеска, пак, на домашен терен со 3-1 го совлада Новаци. Никола Угриноски и Боге Бимбилоски донесоа водство за „црвените“ од Волино. Гостинскиот тим во игра го врати Стефан Стефаноски, а победата на домаќините ја завери Дејан Милошески.

  • Резултати:

Црно Буки – Воска Спорт 0-3

Македонија Враништа – Победа Ивањевци 2-0

Влазними – Преспа 2-1

Сатеска – Новаци 3-1

Октиси – Караорман 2-2

Белица – Лирија Грнчари 1-0

Искра – Стрел Спорт 4-1

Табела: Воска Спорт 56, Караорман 43, Новаци 37, Црно Буки 34, Влазними 32, Кравари 32, Преспа 31, Сатеска 30, Македонија Враништа 27, Октиси 26, Лирија Грнчари 23, Искра 23, Белица 17, Победа Ивањевци 13, Стрела Спорт 8, Фљамуртари откажан.

OhridNews