Екипата на Новаци ја освои шампионската титула во Третата македонска фудбалска лига поминувајќи прва низ целта по 22-та одиграни натпревари.
Новаци првата позиција на табелата ја осигура со ремито без голови во Лабуништа против истоимениот состав.
Во прилог на Новаци отиде и поразот на Велешта во Радолишта од Фљамуртари во трилер меч со девет погодоци.
„Зелено белите“ ќе играат дополнителни бараж мечеви за влез во Втората македонска фудбалска лига.
Резултати: Влазними – Кораб 2-0, Лабуништа – Новаци 0-0, Лирија – Лисолај 3-0, Караорман – Кравари 4-1, Поешево – Преспа 1-4, Фљамуртари – Велешта 5-4.
Табела: Новаци 45, Велешта 42, Фљамуртари 39, Лабуништа 36, Кораб 31, Кравари 29, Преспа 29, Караорман 27, Влазними 26, Лирија 19, Поешево 17, Лисолај 31 (исклучен од лигата).
OhridNews