Еден бод разлика остана меѓу лидерот на табелата, Велешта и Новаци по одигрувањето на 20-та рунда во Третата македонска фудбалска лига.
Велешта на домашен терен со убедливи 3-0 го совлада тимот на Кравари додека Новаци со 3-1 триумфираше во Струга против составот на Караорман.
До крајот на шампионатот остануваат уште две рунди по кои и официјално ќе се знае патникот во бараж мечевите за влез во Втора лига по ранг во Македонија.
Резултати: Лирија – Кораб 6-8, Влазними – Лабуништа 0-1, Караорман – Новаци 1-3, Поешево – Лисолај 3-0, Фљамуртари – Кравари 3-0, Велешта – Преспа 3-0.
Табела: Велешта 42, Новаци 41, Лабуништа 38, Фљамуртари 36, Лисолај 31, Преспа 29, Кравари 29, Кораб 28, Караорман 21, Лирија 16, Поешево 11.
OhridNews