Екипата на Воска Спорт профитираше од резултатите во 12-та рунда во Третата македонска фудбалска лига југо-запад, одлепувајќи се три бодови од второпласираниот Караорман односно осум од третопласираниот Црно Буки.

Фудбалерите на Воска Спорт на домашен терен со 6-4 го совладаа составот на Стрела Спорт. Сите дилеми околу победникот Воска Спорт ги реши во првите 45 минути кога обезбеди предност од четири голови (4-0). Три од погодоците реализираше Кристијан Петкоски, додека еднаш во листата на стрелци се запиша Кристијан Јовановски. Во второто полувреме Едмонд Арслани и Виктор Петкоски постигнаа нови голови за Воска Спорт, но гостите со четири погодоци го ублажија поразот.

Во дербито на колото, Новаци и Караорман ги поделија бодовите, ремизирајќи со 1-1 (1-0). Домаќините поведоа со голот на Стефан Јовановски во првиот дел, а струшките фудбалери израмнија преку Климе Далчески на средината од второто полувреме.

  • Резултати:

Црно Буки – Октиси 5-0

Влазними – Белица 2-1

Сатеска – Фљамуртари 3-0

Македонија Враништа – Искра 1-1

Воска Спорт – Стрела Спорт 6-4

Победа Ивањевци – Лирија 0-7

Преспа – Кравари 2-0

Новаци – Караорман 1-1

Табела: Воска Спорт 32, Караорман 29, Црно Буки 24, Новаци 23, Влазними 22, Кравари 22,  Преспа 21, Сатеска 18, Октиси 17, Искра 14, Македонија В 13, Белица 10, Фљамуртари 10, Лирија 9, Победа Ивањевци 7,  Стрела Спорт 4.

OhridNews