Фудбалерите на ГФК Охрид забележаа нова победа во Третата македонска фудбалска лига совладувајќи го тимот на Црно Буки со минимални 1-0 во шестата рунда од првенството.

Со триумфот на гостински терен охридскиот фудбалски клуб ја продолжи победничката серија и стигна до шестата победа во низа.

Неуспешен обид за освојување бодови во шестата рунда имаа екипите на Сатеска и Лакочереј кои претрпеа порази од Лирија Грнчари (4-1) односно од Преспа (1-0).

Резултати: Црно Буки – Охрид 0-1, Новаци – Фљамуртари 3-1, Сатеска – Лирија Грнчари 1-4, Октиси – Велешта 0-3, Преспа – Лакочереј 1-0, Кравари – Лирија Заграчани 6-3, Караорман – Влазними 0-0

Табела: Охрид 18, Лирија Грнчари 12, Црно Буки 10, Велешта 10, Караорман 10, Новаци 9, Кравари 9, Влазними 8, Преспа 8, Сатеска 7, Октиси 6, Лакочереј 6, Лирија Заграчани 6, Фљамуртари 3.

OhridNews