Екипата на Воска Спорт прокнижи нови три бодови на табелата во Третата македонска фудбалска лига југо-запад, победувајќи ја Белица со 4-3 додека Сатеска остана со празни раце на гостувањето кај Црно Буки, претрпувајќи пораз 3-1.
Лидерот на табелата потешко од очекувањата се справи со составот на Белица, кој дури три имаше водство во текот на натпреварот. Воска Спорт со гол во 89-та минута обезбеди водство, кое на крајот се покажа доволно за победа. После завршување на мечот се случи инцидент во кој директор на домашниот клуб физички нападна гостински фудбалер, Инцидентот влезе во бележникот на СВР Охрид.
Сатеска, пак, немаше сила и квалитет за поволен резултат против расположениот Црно Буки. Домаќините постигнаа три погодоци за неполн час игра, со што комплетно го скршија отпорот на „црвените“ од Волино. До крајот гостите постигнаа почесен погодок и го ублажија поразот.
- Резултати:
Црно Буки – Сатеска 3-1
Влазними – Октиси 2-2
Македонија Враништа – Фљамуртари 3-0
Воска Спорт – Белица 4-3
Победа Ивањевци – Искра 2-1
Преспа – Стрела Спорт 4-1
Новаци – Лирија Грнчари 2-0
Караорман – Кравари 1-0
Табела: Воска Спорт 38, Караорман 32, Црно Буки 30, Новаци 27, Влазними 26, Преспа 24, Кравари 23, Октиси 21, Сатеска 18, Македонија Враништа 17, Искра 14, Победа Ивањевци 13, Лирија Грнчари 12, Белица 11, Стрела Спорт 4. Фљамуртари (откажан).
OhridNews