Екипата на Сатеска и по три одиграни мечеви во Третата македонска фудбалска лига остана без бодови, откако на домашен терен претрпе пораз од Фљамуртари 4-2.

Токму тимот на Фљамуртари заедно со Кораб кој минимално 1-0 славеше на гостувањето кај Влазними го предводат орото во новата сезона со три победи во исто толку мечеви.

Третата рунда во Третата лига ја одбележа ефикасната дерби средба на „Атина Бојаџи“ помеѓу Охрид и Воска. Во меч со 12-ет голови славеше Охрид со 8-4.

Двојки: Могила – Лирија 2-1, Сатеска – Фљамуртари 2-4, Охрид – Воска 8-4, Баир Кркардаш – Караорман 3-4, Преспа – Октиси 2-2, Кравари – Велешта 3-0 (службено), Влазними – Кораб 0-1.

Табела: Кораб 9, Фљамуртари 9, Караорман 7, Кравари 7, Октиси 5, Преспа 4, Влазними 4, Лирија 3, Велешта 3, Воска 3, Охрид 3, Могила 3, Сатеска 0, Баир Кркардаш 0.

OhridNews