Преставникот на охридскиот фудбал во Третата лига, Вулкан по поразот од Новаци 4-2 на домашен терен ги загуби и теоретските шанси за опстанок.
Минатата сезона Вулкан со Младост од Царев Двор се бореше за влез во Втората лига, а сезонава ќе се пресели во четвртата лига по ранг во Македонија.
Со погодоците на Ќелешоски и Милески екипата на Караорман славеше нова победа совладувајќи го Лисолај на градскиот стадион во Струга со 4-2.
Резултати : Вулкан – Новаци 2-4, Караорман – Лисолај 4-2, Велешта – Кораб 4-2, Лабуништа – Фљамуртари 0-1, Кравари – Преспа 2-3, Лирија – Влазними 1-2.
Табела : Велешта 44, Преспа 39, Лисолај 29, Новаци 29, Кравари 29, Кораб 28, Караоорман 28, Лабуништа 28, Фљамуртари 27, Лирија 17, Вулкан 11.
Мх.П.