Фудбалерите на Сатеска ги очекува незгодно гостувањето кај тимот на Влазними додека тимот на Дебрца силите на домашен терен ќе ги одмери со екипата на Кравари во петтата рунда од Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Сатеска не е во најдобра форма на почетокот од сезонава. „Црвените“ од Волино претрпеа три порази во првите четири средби а дуелот со Влазними кој котира во горниот дел од табелата доаѓа во тешки моменти.

Екипата на Дебрца после поразот во првата рунда успеа да се консолидира и да освои пет бодови. Дебрца одигра две реми и во дербито со 5-1 ја совлада Сатеска. Натпреварот со тимот на Кравари кој минатото коло ги запиша првите бодови е одлична шанса за нова победа и нови три бодови на табелата за Дебрца.

Мечевите од 5-та рунда во Третата лига се играат во 16 часот.

Двојки:

Октиси – Караорман

Лирија Грнчари – Преспа

Црно Буки – Велешта

Фљамуртари – Новаци

Дебрца – Кравари

Влазними – Сатеска

Стрела Спорт – Македонија

Табела: Велешта 12, Влазними 9, Црно Буки 9, Фљамуртари 9, Преспа 7, Лирија Грнчари 7, Дебрца 5, Новаци 4, Караорман 4, Македонија 4, Кравари 3, Сатеска 3, Октиси 3, Стрела Спорт 1

OhridNews