Екипата на Сатеска не погреши и ја искористи првата меч за опстанок во Третата лига победувајќи го тимот на Могила со 5-2 на домашен терен во вондредната 24-та рунда.


Трите бодови фудбалерите на Сатеска ги осигураа во првиот дел во кој ги постигнаа петте голови. Во второто полувреме гостите со два голови го ублажија поразот. За и теоретски да го обезбеди опстанок от клубот од Волино му треба еден бод во последните два меча од шампионатот.


Лидерот на табелата, Струга Трим Лум направи уште еден чекор напред кон освојувањето на титулата и пласман во Втората лига, откако со 3-0 го совлада постариот брат Караорман во градското дерби.

Двојки: Кораб – Кравари 4-1, Преспа – Пролетер 6-2, Сатеска – Могила 5-2, Караорман – Струга Трим Лум 0-3, Лирија – Влазними 4-3, Лабуништа – Охрид 5-2, Велешта – Фљамуртари 3-1.

Табела: Струга Трим Лум 53, Лабуништа 40, Кораб 49, Кравари 40, Преспа 35, Охрид 34, Лирија 31, Влазними 28, Фљамуртари 28, Сатеска 28, Велешта 26, Могила 24, Караорман 23, Пролетер 21.

OhridNews