Екипата на Младост од Царев Двор е нов лидер на табелата во Третата македонска фудбалска лига.
Во 17-та рунда само фудбалерите на Младост успешно ја минаа гостинската задача додека Вулкан и Преспа претрпеа порази и остана чекор зад „младинците“ на табелата.
Двојки : Поешево – Влазними 2-2, Вардино – Кравари 1-2, Работник – Стрела Спорт 4-3, Могила – Караорман 3-2, Враништа – Лирија 1-0, Велешта – Вулкан 4-2, Лабуништа – Младост 1-2, Кораб – Преспа 3-1.
Табела : Младост 41, Преспа 38, Вулкан 38, Велешта 31, Караорман 29…
Мх.П.