Лидерот во Третата македонска фудбалска лига, Младост  пред своите гледачи во 22-та рунда забележа неверојатна победа над Работник со 8-0.

Исто така триумф во 22-от коло славеше и Вулкан, кој со 3-2 го совлада Караорман во „езерската“ пресметка. До крајот на сезоната ќе се води жестота битка помеѓу овие два тима за првото место кое води во Втората лига.

Резултати : Вардино – Враништа 3-1, Стрела Спорт – Лабуништа 1-6, Кораб – Велешта 3-1, Кравари – Поешево 4-1, Преспа – Могила 5-1, Младост – Работник 8-0, Вулкан – Караорман 3-2, Лирија – Влазними 2-1.

Табела : Младост 56, Вулкан 53, Преспа 48…

 

Мх.П.