Фудбалерите на Сатеска на домашен терен во вондредната 24-та рунда од Третата македонска фудбалска лига против составот на Могила ја имаат првата меч топка за опстанок.


Сатеска во претходната 23-та рунда го совлада Пролетер на гостински терен, а со триумф над Могила која исто така се бори за живот ќе се одлепи на комотна предност на два меча од крајот на првенството.

Бодови за живот во Третата лига ќе брка и Караорман кој силите ќе ги одмери со градскиот ривал и лидер на табелата, Струга Трим Лум. Сите натпревари почнуваат во 16 часот вклучувајќи го и гостувањето на Охрид кај тимот на Лабуништа.

Двојки: Кораб – Кравари, Преспа – Пролетер, Сатеска – Могила, Караорман – Струга Трим Лум, Лирија – Влазними, Лабуништа – Охрид, Велешта – Фљамуртари.

Табела: Струга Трим Лум 50, Лабуништа 47, Кораб 46, Кравари 40, Охрид 34, Преспа 32, Влазними 28, Фљамуртари 28, Лирија 28, Сатеска 25, Могила 24, Караорман 23, Велешта 23, Пролетер 21.

OhridNews