Четвртата рунда во Третата македонска фудбалска лига југо-запад ќе донесе неколку интересни пресметки, но за издвојување е локалното дерби помеѓу Сатеска и Дебрца кое ќе се одигра во Волино.
Двете екипи се наоѓаат во долниот дел од табелата и сигурно бодовите од дерби пресметката ќе бидат голем императив. Сатеска, после три одиграни средби има три бодови додека Дебрца, има два бодови.
Мечот се игра в недела со почеток во 16 часот.
Парови: Караорман – Стрела Спорт, Македонија – Влазними, Сатеска – Дебрца, Кравари – Фљамуртари, Новаци – Црно Буки, Велешта – Лирија, Преспа – Октиси
Табела: Велешта 9, Влазними 9, Фљамуртари 9, Лирија Грначари 7, Црно Буки 6, Новаци 4, Преспа 4, Сатеска 3, Октиси 3, Дебрца 2, Стрела Спорт 1, Караорман 1, Кравари 0, Македонија 0
OhridNews