Екипите на Лисолај и Велешта го делат врвот по одигрувањето на деветтата рунда во Третата македонска фудбалска лига.


Лисолај на врвот се искачи по победата 4-2 на домашен терен над последнопласираниот Поешево, а Велешта претрпе пораз 2-0 на гостувањето кај екипата на Преспа.

Лисолај и Велешта имаат ист број на бодови, но тимот од струшката област има натпревар помалку.

Резултати : Новаци – Караорман 2-0, Лабуништа – Влазними 2-1, Кораб – Лирија 1-2, Лисолај – Поешево 4-2, Кравари – Фљамуртари 2-0, Преспа – Велешта 2-0.

Табела : Лисолај 18, Велешта 18 (-1), Лабунита 17 (-1), Влазними 15 (-1), Фљамуртари 15, Новаци 15, Караорман 12, Преспа 10 (-1), Кораб 10, Кравари 8, Лирија 8, Поешево 1.

Ohridnews