Лидерот на табелата во Третата македонска фудбалска лига југо-запад, Кораб гостува во Охрид кај истоимениот составо во петтата рунда од шампионатот.
Во досегашниот дел од сезоната фудбалерите на Кораб имаа четири победи во четири одиграни мечеви, а дуелот со Охрид на „Атина Бојаџи“ во недела ќе биде вистински испит за гостите од Дебар.
Охридските бели после двата порази од Преспа и Фљамуртари на стартот сезоната врзаа две победи против Воска и Октиси и го покажаа вистинското лице во третолигашкото друштво.
Воска во петтата рунда на домашен терен го пречекува тимот на Октиси, додека Сатеска гостува во Битола кај екипата на Баир Кркардаш.
Двојки 5.коло: Кравари – Фљамуртари, Баир Кркардаш – Сатеска, Могила – Велешта, Влазними – Караорман, Преспа – Лирија, Охрид – Кораб, Воска – Октиси.
Табела: Кораб 12, Фљамуртари 12, Караорман 10, Кравари 7, Охрид 6, Лирија 6, Велешта 6, Октиси 5, Преспа 4, Влазними 4, Сатеска 3, Воска 3, Могила 3, Баир Кркардаш 0.
OhridNews