Лидерот во Третата македонска лига, Младост Царев Двор во 23-та рунда го очекува дерби дуел со Караорман.
Младост е во победничка серија и гостувањето во Струга ќе биде вистински испит за нивните второлигашки амбиции.
Во 23-та рунда и Вулкан има тешко гостување кај тимот на Влазними, кој котира на седмата позиција.
На табелата води Младост со 56 бодови, а второпласиран е тимот на Вулкан со три бодови помалку.
Мх.П.