Фудбалерите на Лакочереј им се вратија на победите, откако на теренот со вештачка трева во склоп на СРЦ „Билјанини Извори“ во рамките од седмото коло во Третата лига југо-запад со 3-2 ја совладаа екипата на Новаци.
Тимот на Лакочереј со триумфот стави точка на серијата од три порази и ја забележа третата победа сезонава во третолигашкото друштво.
Градскиот фудбалски клуб Охрид со победа над Преспа (2-0) ја продолжи победничката серија во Третата лига. Охридските бели седмата победа ја осигураа со по еден постигнат погодок во двете полувремиња.
Добриот биланс на охридските преставници не го заокружи Сатеска која изгуби 3-0 на гостувањето кај составот на Влазними
Резултати: Лирија Заграчани – Црно Буки 3-0, Велешта – Кравари 3-0, Лирија Грнчари – Октиси 5-3, Влазними – Сатеска 3-0, Фљамуртари – Караорман 1-1, Лакочереј – Новаци 3-2, Охрид – Преспа 2-0.
Табела: Охрид 21, Лирија Грнчари 15, Велешта 13, Влазними 11, Караорман 11, Црно Буки 10, Новаци 9, Кравари 9, Лирија Заграчани 9, Лакочереј 9, Преспа 8, Сатеска 7, Октиси 6, Фљамуртари 4.
OhridNews