Фудбалерите на Лакочереј запишаа нови три бодови на табелата во Трета македонска фудбалска лига совладувајќи го Караорман со 4-3, додека Охрид и Сатеска останаа со истиот скор, откако изгубија од Новаци (2-1) односно Фљамуртари 3-0.

Лакочереј до победата во средбата со Караорман дојде со пресврт. Гостите поведоа со 2-0, а Лакочереј негативата ја надополна до крајот на првиот дел. Во второто полувреме Лакочереј постигна нови два голови, а струшките фудбалери само еден за конечни 4-3.

Шампионот во Третата МФЛ, Охрид на домашен терен изгуби од Новаци 2-1, додека Сатеска на гостувањето во Радолишта претрпе пораз 3-0 од Фљамуртари.

Мечевите од 22-та рунда во третолигашкото друштво ќе се одиграат утре (среда) со почеток во 17 часот.

Резултати: Преспа – Црно Буки 1-4, Охрид – Новаци 1-2, Лакочереј – Караорман 4-3, Фљамуртари – Сатеска 3-0, Влазними – Октиси 3-2, Лирија Грнчари – Кравари 2-3, Велешта – Лирија Заграчани

Табела: Охрид 49, Влазними 34, Црно Буки 33, Велешта 31, Кравари 30, Лирија Грнчари 30, Лакочереј 29, Караорман 27, Сатеска 26, Фљамуртари 26, Новаци 26, Преспа 25, ЛиријаЗаграчани 18, Октиси 1

OhridNews