Екипите на Лакочереј и Сатеска продолжуваат во походот кон нови бодови во битката за опстанок во Третата македонска фудбалска лига, додека Охрид ќе бара формула за победа во 19-та рунда од шампионатот.

Фудбалерите на Лакочереј на домашен терен ја пречекуваат Преспа. Позитивната серија од последните три натпревари во кои екипата освои седум бодови ветува многу пред завршнито дел од сезоната.

Сатеска ја очекува тежок натпревар во Грнчари против составот на Лирија. Со триумфот во претходно коло се одлепија од опасната зона, а секој освоен бод на гостински терен е драгоцен во борбата за опстанок.

19-та рунда во Третата МФЛ во Охрид ќе донесе интересна пресметка помеѓу лидерот на табелата и екипата на Црно Буки. Охриѓани последниве два мечеви немаат  победа, а третопласираниот состав ќе биде супер противник за надигрување. Мечевите се играат в недела во 16 часот.

Двојки 19-та рунда: Охрид – Црно Буки, Лакочереј – Преспа, Фљамуртари – Новаци, Влазними – Караорман, Лирија Грнчари – Сатеска, Велешта – Октиси, Лирија Заграчани – Кравари.

Табела: Охрид 45, Караорман 30, Црно Буки 30, Влазними 28, Велешта 28, Преспа 26, Лирија Грнчари 24, Кравари 24,  Лакочереј 23, Сатеска 23, Новаци 22, Лирија Заграчани 21, Октиси 21, Фљамуртари 17.

OhridNews