Само победа е опција за екипите на Лакочереј и Сатеска во директни пресметки со ривалите за опстанок во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Лакочереј на домашен терен ќе го пречека последнопласираниот Фљамуртари, додека Сатеска пред своите гледачи ќе ги одмери силите со Кравари. Бодовите од мечевите се исклучително важни за двете екипи во битката за живот во третолигашката конкуренција.

Ниту Охрид не е без задача во 16-та рунда. Лидерот на табелата има обврска да се врати на победничките патеки после ремито со Лирија во Грнчари (2-2) во 15-та рунда. Во Охрид ќе допатува Влазними кој традиционално е незгоден ривал.

Натпреварите од 16-та рунда се играат в недела со почеток во 15 часот.

Двојки 16-та рунда: Црно Буки – Октиси, Сатеска – Кравари, Караорман – Лирија Заграчани, Новаци – Велешта, Охрид – Влазними, Лакочереј – Фљамуртари.

Табела: Охрид 41, Велешта 25, Караорман 24, Црно Буки 24, Влазними 24, Лирија Грнчари 23, Преспа 21,  Кравари 21, Лирија Заграчани 18, Октиси 18,  Сатеска 17, Лакочереј 16, Новаци 16, Фљамуртари 14.

OhridNews