Фудбалерите на Лабуништија ја освоија шампионската титула, откако први низ целта ја минаа есенската полусезона во Третата фудбалска лига.
Лабуништа претрпе пораз во последната рунда (2-1) од Велешта, но во нивни прилог отиде ремито на Кравари со Могила (1-1).
Охридските фудбалери со минималната победа над Караорман (1-0) се израмнија на табелата со Кравари, а се доближија на бод од есенскиот шампион.
Резултати: Пролетер – Кораб 0-2, Могила – Кравари 1-1, Струга Трим Лум – Преспа 8-0, Влазними – Сатеска 1-1, Охрид – Караорман 1-0, Фљамуртари – Лирија 4-0, Велешта – Лабуништа 2-1.
Табела: Лабуништа 26, Кравари 25, Охрид 25, Струга Трим Лум 24, Кораб 22, Фљамуртари 18, Лирија 17, Преспа 16, Пролетер 16, Влазними 16, Велешта 16, Караорман 13, Сатеска 13, Могила 7.
OhridNews