Фудбалерите на Лабуништа ја вратија неизвесноста во Третата фудбалска лига откако со 1-0 го совладаа лидерот на табелата, Велешта во дербито на колото.
Поразот на Велешта во дербито од 15-та рунда го искористи тимот на Лисолај од Могила кој со 1-0 славеше над Влазними и се доближи на два бодови.
Најубедлив во 15-та рунда беше струшки Караорман. „Црвените“ со 6-1 пред своите гледачи го совладаа претпоследно пласираниот на табелата Поешево.
Двојки: Новаци – Кравари 4-2, Лисолај – Влазними 1-0, Кораб – Преспа 3-2, Лабуништа – Велешта 1-0, Лирија – Фљамуртари 2-2, Караорман – Поешево 6-1.
Табела: Велешта 33, Лисолај 31, Лабуништа 29, Новаци 29, Фљамуртари 24, Преспа 22, Кравари 20, Влазними 19, Кораб 19, Караорман 15, Лирија 13, Поешево 2.
OhridNews