Есенскиот вицепрвак Лабуништа со победа (3-1) на „Ѓоргов Мост“ стадионот ја прекина серија без пораз на Сатеска во пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига.


Гостите во Волино трите бодови ги обезбедија со два голови во финишот од натпреварот и се доближија на бод од лидерот на табелата Струга Трим Лум кој ремизираше без голови со Кораб на домашен терен.


Во пресрет на дербито во 17-та рунда Сатеска имаше две победи и реми, но не успеа да ја продолжи позитивната низа со поволен резултатот пред своите гледачи. 

Фудбалерите на Охрид ниту во четвртата рунда од пролетната полусезона не ја забележаа првата победа, откако ремизираа на гостувањето кај тимот на Пролетер 1-1. Охриѓани имаа водство, но не го задржаа и ги поделија бодовите со домашниот состав.

Резултати: Струга Трим Лум – Кораб 0-0, Могила – Влазними 2-1, Пролетер – Охрид 1-1, Кравари – Фљамуртари 5-0, Преспа – Велешта 6-3, Сатеска – Лабуништа 1-3, Караорман – Лирија 1-5.

Табела: Струга Трим Лум 34, Лабуништа 33, Кравари 32, Кораб 30, Охрид 28, Преспа 26, Лирија 24, Влазними 22, Фљамуртари 21, Пролетер 17, Сатеска 16, Караорман 16, Велешта 16, Могила 14.

OhridNews