Фудбалерите на Сатеска, со реми (1-1) на гостински терен против Влазними ставија крај на серијата порази, додека Дебрца остана со празни раце пред своите гледачи претрпувајќи висок пораз од Кравари 4-1 во петтата рунда од Третата македонска фудбалска лига југо-запад.
Дебрца, во средбата со Кравари влезе со голема самодоверба после триумфот над Сатеска, но добрата атмосфера не беше капитализирана со нова победа. Кравари со убедливи 4-1 славеше во Белчишта и ја „стиши“ еуфоријата.
Сатеска, на гостувањето кај Влазними освои бод а може да жали за останатите два. „Црвените“ од Волино поведоа со 1-0 и го контролираа натпреварот. Домаќините во 83-та минута со гол пенал изедначија на 1-1 и се извлекоа од пораз.
Резултати: Октиси – Караорман 2-0, Лирија Грнчари – Преспа 4-1, Црно Буки – Велешта 1-0, Фљамуртари – Новаци 2-1, Дебрца – Кравари 1-4, Влазними – Сатеска 1-1, Стрела Спорт – Македонија 4-2.
Табела: Велешта 12, Црно Буки 12, Фљамуртари 12, Влазними 10, Лирија Грнчари 10, Преспа 7, Октиси 6, Кравари 6, Дебрца 5, Македонија 5, Новаци 4, Караорман 4, Сатеска 4,Стрела Спорт 4
OhridNews