Тимот на Кораб се одлепи на врвот од табелата во Третата македонска фудбалска лига по победата со пресврт над Охрид 4-2 во петтата рунда од шампионатот.
Во прилог на избраниците на Гони Мерко отиде поразот на Фљамуртари од Кравари (1-0) кои до сега беа рамо до рамо со Кораб на челото од табелата.
Убедлива победа на гостински терен во петтата рунда забележа екипата на Сатеска која со 6-1 славеше против Баир Кркардаш, додека Воска на домашен терен изгуби од Октиси 3-1.
Резултати: Кравари – Фљамуртари 1-0, Баир Кркардаш – Сатеска 1-6, Могила – Велешта 4-0, Влазними – Караорман 3-3, Преспа – Лирија 2-1, Охрид – Кораб 2-4, Воска – Октиси 1-3.
Табела: Кораб 15, Фљамуртари 12, Караорман 11, Кравари 10, Октиси 8, Преспа 7, Охрид 6, Лирија 6, Велешта 6, Сатеска 6, Могила 3, Влазними 5, Воска 3, Баир Кркардаш 0.
Двојки 6. коло: Фљамуртари – Октиси, Кораб – Воска, Лирија – Охрид, Караорман – Преспа, Велешта – Влазними, Сатеска – Могила, Кравари – Баир Кркардаш.
OhridNews