Тимот на Кораб го освои целиот плен во Охрид совладувајќи ја истоимената екипа со (3-2) во 21-та рунда од Третата македонска фудбалска лига.
Двете екипи одиграа квалитетен и неизвесен натпревар, а на крајот победи екипата која знаеше да ги искористи своите шанси.
Гостите од Дебар имаа водство 0-1 и 1-2, а домаќините на егал резултат (2-2) не реализираа пенал. Суровата казна стигна во финишот кога „сините“ со трет гол ја осигураа победата која ги остава во игра за првите две позиции на табелата.
И покрај поразот охридските бели остануваат во горниот дел од табелата без речиси никакви шанси за вмешување во трката за водечките места и со обезбеден опстанок во третолигашкото друштво.
Фото галерија:
Кораб знаеше да ги искористи шансите во Охрид.
Мх.П.