Екипата на Караорман продолжи со добрите игри во пролетниот дел од полусезоната во Третата лига победувајќи го Вулкан со 3-1.
„Езерската“ пресметка ја одбележа Ивица Ќелешоски, кој ги постигна трите погодоци за „црвенте“. Почесниот погодок за гостите беше дело на Енгин Реџеп.
Резултати : Фљамуртари – Влазними 2-1, Преспа – Кораб 5-2, Новаци – Велешта 3-0, Лабуништа – Кравари 3-1, Караорман – Вулкан 3-1, Лисолај – Лирија 3-0.
Табела : Велешта 35, Преспа 33, Кравари 28, Кораб 27, Лисолај 25, Караорман 22, Новаци 22, Лабуништа 22, Влазними 21, Фљамуртари 21, Лирија 13, Вулкан 11.
Мх.П.