Екипата на Караорман на гостувањето во Велешта од истоимената екипа го претрпе првиот пораз (3-2) во новата сезона од Третата македонска фудбалска лига.


Погодоците за„црвените“ во поразот од минатогодишниот шампион ги постигнаа Тони Несториски и Илија Бушески.

Неверојатна победа во втората рунда забележа Фљамуртари совладувајќи го Поешево со 10-0.

Резултати : Велешта – Караорман 3-2, Влазними – Новаци 2-2, Лисолај – Кораб 3-0, Кравари – Лабуништа 0-4, Преспа – Лирија 5-1, Фљамуртари – Поешево 10-0.

Табела : Велешта 6, Лабуништа 4, Лисолај 4, Фљамуртари 3, Преспа 3, Караорман 3, Кораб 3, Влазними 2, Новаци 1, Лирија 1, Кравари 1, Поешево 1.

Ohridnews