Екипата на Караорман ги освои бодовите во „езерското“ дерби победувајќи го Охрид со 4-1 во 20-та рунда од Третата македонска фудбалска лига.

Победата во дерби средбата стружани ја најавија уште во првото полувреме, во кое постигнаа еден погодок за водство. Во вториот дел погодија уште три пати, а охриѓани еднаш за конечни 4-1.

Пораз во 20-та рунда претрпе и Воска, додека Сатеска ремизираше со Влазними на домашен терен 3-3.

Резултати: Караорман – Охрид 4-1, Кораб – Октиси 5-0, Лирија – Воска 4-1, Сатеска – Влазними 3-3, Велешта – Преспа 4-1.

Табела: Кораб 48, Фљамуртари 35, Караорман 32, Кравари 32, Преспа 31, Влазними 27, Сатеска 26, Лирија 23, Охрид 23, Воска 20, Велешта 19, Октиси 18.

OhridNews