Градското дерби на „Грашница“ помеѓу екипите на Воска – Охрид ќе ја одбележи 16-та рунда во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Дербито кое ќе се одигра в недела со почеток во 14 часот ќе биде шанса за една од двете екипи да стигне до првата победа во втората полусезона.

Во двата воведни мечеви Воска ремизираше со Влазними на домашен терен 0-0, додека пораз претрпе од Преспа 4-0. Охридските „сино-бели“ на домашен терен изгубија од Преспа (2-1) и Фљамуртари (2-0).

Тимот на Сатеска ќе ги одмери силите со Фљамуртари, кој покрај Охрид ја совлада и екипата на Велешта на стартот од пролетната полусезона.

Двојки: Фљамуртари – Сатеска, Велешта – Кравари, Кораб – Влазними, Октиси – Преспа, Воска – Охрид.

Табела: Кораб 36, Фљамуртари 29, Кравари 29, Караорман 28, Преспа 25, Сатеска 25, Влазними 19, Охрид 19, Лирија 16, Велешта 16, Октиси 12, Воска 11, Могила, Баир Кркардаш.

OhridNews

Спортска понуда како никогаш до сега во Охрид !