Екипите на Охрид и Воска в недела со почеток во 16 часот на спортско рекреативниот центар „Атина Бојаџи“ ќе ги одмерат силите во третата рунда од Третата македонска фудбалска лига.
Охридските бели на домашен ќе ги бркаат првите бодови во новата сезона, бидејќи во претходните два мечеви претрпеа порази, додека Воска ќе атакува на сефте од гостувањата.
Пред сериозен испит ќе биде тимот на Сатеска, кој пред своите гледачи на стадионот „Ѓоргов мост“ ќе го пречека составот на Фљамуртари.
Двојки: Могила – Лирија, Сатеска – Фљамуртари, Охрид – Воска, Баир Кркардаш – Караорман, Преспа – Октиси, Кравари – Велешта, Влазними – Кораб.
Табела: Кораб 6, Фљамуртари 6, Влазними 4, Караорман 4, Кравари 4, Октиси 4, Преспа 3, Лирија 3, Велешта 3, Воска 3, Охрид 0, Сатеска 0, Баир Кркардаш 0, Могила.
Фото: Архива
OhridNews