Петтата рунда во Третата македонска фудбалска лига ќе донесе неколку интересни пресметки, а меѓу нив за издвојување е градското дерби во Струга меѓу Трим Лум и Влазними.


Екипата на Трим Лум во досегашните четири натпревари нема претрпено пораз и со осум бодови се наоѓа петтата позиција додека Влазними има победа повеќе од противникот и со девет поени ја дели втората позиција со Охрид и Велешта.

Охридските бели во петтата рунда од шампионатот гостуваат во Могила кај истоимената екипа. Фудбалерите на Охрид според местата на табелата се фаворити во натпреварот, но тоа ќе треба да го потврдат и на теренот.

Двојки: Струга Тим Лум – Влазними, Караорман – Кораб, Сатеска – Лирија, Преса – Лабуништа, Кравари – Велешта, Пролетер – Фљамуртари, Могила – Охрид.

Табела: Лабуништа 12, Охрид 9, Влазними 9, Велешта 9, Струга Трим Лум 8, Фљамуртари 6, Преспа 6, Пролетер 6, Кораб 5, Кравари 4, Лирија 4, Сатеска 3, Могила 0, Караорман 0.

OhridNews