Екипите на Охрид, Лакочереј и Сатеска ќе имаат гостински испити во третата рунда од Третата македонска фудбалска лига југо-запад.
Охридските бели гостуваат кај тимот на Влазними, Лакочереј ќе ги одмери силите со Фљамуртари во Радолишта, додека Сатеска патува кај Кравари.
На табелата после два одиграни натпревари водечка екипа е Охрид, а второпласиран е Караорман кој има ист број на бодови со „езерскиот“ ривал.
Двојки: Влазними – Охрид, Фљамуртари – Лакочереј, Кравари – Сатеска, Лирија Заграчани – Караорман, Велешта – Новаци, Лирија Грнчари – Преспа, Октиси – Црно Буки
Табела: Охрид 6, Караорман 6, Сатеска 4, Преспа 4, Црно Буки 4, Новаци 3, Влазними 3, Кравари 3, Лакочереј 3, Лирија Грнчари 3, Велешта 1, Октиси 0, Фљамуратари 0, Лирија Заграчани 0.
OhridNews